Уште едно интервју на избеганиот азилант осуденик и поранешен премиер Никола Груевски, овојпат преку српските медиуми под контрола на Алексан,дар Вучиќ 
Сега Груевски нагази со обвинувања против Македонија, и легалните институции и Власта, ама преку Србија . Тој правдајќи се зошто избегал, отиде и чекор понапред поистоветувајќи се со Гоце Делчев.
Релативирајќи го неговото владеење и казна , тој прави алузија дека е како Делчев војвода .
-Гоце Делчев, кога би се појавил сега, брзо би станал цел на прогонот и би морал да ја напушти земјата. Но, ако Делчев се појави со своите следбеници, четници-односно комити, тогаш актуелниот премиер Зоран Заев треба да ја напушти Македонија, порачува Груевски.
Провладиниот Тв ПИНК коментира дека Делчев бил револуционер и лидер на тајната Македонско-одринска револуционерната организација, подоцна преименувана во Револуционерна организација (ВМРО), и заклучува дека во Македонија се смета за еден од најголемите етнички македонски револуционери, а во Бугарија го сметаат за Бугарин, наведува ТВ Пинк.
Новина во неговите делчевски размислувања е дека прислушувањето и бомбите всушност биле нарачка на Верушевски , а не негови, а тие кои биле извршители „снимачи“ одедндаш станале експресно “свиркачи” кои објавиле дека се се снимало по налог на Груевски и со тоа ја „донеле демократијата во Македонија“ – порача од Србија Груевски.
Во ова интервју телевизијата наведува дека Груевски првин заминал во Унгарија како слободен човек , а дури потоа ретроактивно му било режирано обвинение за да се убделе граѓаните дека е бегалец, што е класична лажна вест.