Избегната трагедија на српско-бугарската граница! Полицајци оставиле група Курди на -11 степени

од desk3
79 прегледи

Доцна синоќа е спречен обид за нелегално депортирање на група Курди од Србија на бугарска територија. Засега непозната српска полициска или воена единица им ги одзела документите на курдските бегалци издадени од српските власти, по што ги натоварила на автобус и ги пуштила во шумата при минус 11 степени, недалеку од бугарската граница.


Тие биле со редовно издадени документи од Белград. Документите сепак биле уништени од полицајците или војската.
“Ова е класичен обид за незаконска депортација. Тоа е нешто за што со месеци слушаме дека постои, но сега за прв пат имаме конкретни докази”, рече по тој повод Гордан Пауновиќ од “Инфопарк”.

Во групата имало дете од две години и една жена во несвест. Според него благодарение на брзата и исклучително човечка реакција на полицаецот во Сурдулица Славко Стоиљковиќ е спречена една голема трагедија. Можам само да му се заблагодарам за тоа што беше човек на место во текот на ноќта, кога тоа беше потребно … Изминатата ноќ Србија можеше да се разбуди со 7 починати Курди … Тие не се мигранти, туку вистински бегалци од војната во Ирак “, истакна Пауновиќ.

Слични содржини