Избори во Хрватска: ХДЗ освои 61 мандат, СДП 42

од Vladimir Zorba

Врз основа на 99,3 отсто обработени гласови, според неофицијалните резултати на Државната изборна комисија, ХДЗ освоила 61 мандат, додека коалицијата околу СДП Река Правде останала на 42 мандати, пренесе Индекс.хр.

Движењето Татковина освои 14 мандати, Мост 11, Можеме 10, ИДС 2, НПС 2 и Фокус еден мандат.

Андреј Пленковиќ, претседател на ХДЗ и поранешен премиер, синоќа по објавувањето на првите резултати изјави дека е важно што партијата третпат по ред победи убедливо на изборите одржани, како што рече, благодарение на Зоран Милановиќ, во „бизарен ден“.

Слични содржини