Денеска на предвремени локални избори во Штип ќе гласаат изнемоштените граѓани со право на глас, како и осудените лица во петте казнено-поправни установи во земјава, под посебни Ковид протоколи.
Во текот на вчерашниот ден пак, во услови на пандемија гласаа 12 граѓани позитивни на корона вирусот кои се во изолација, а кои по електронски пат се пријавија за да си го остварат нивното право на глас. Тие вчера беа посетени од две медицински екипи, посебно опремени со медицинска заштитна опрема.
Новите градоначалници на Штип и Пласиница се избираат бидејќи претходните беа избрани за други функции во извршната и законодавната власт. Тие ќе имаат мандат од околу девет месеца, односно до следните редовни локални избори во 2021 година. Штипјани своето право на глас можат да го дадат за еден од петтемина кандидати за градоначалник, додека во Пласница има двајца кандидати.
На 13 декември 77.те избирачки места се отвараат во 7, а се затвараат во 19 часот. На избирачките места ќе се прави и дезинфекција, со цел заштита на гласачите, но и на членовите на ибирачките одбори. Жителите на Штип своето право на глас можат да го искористат за еден од петмината кандидати за градоначалник.