Изборите за Европскиот парламент ќе се одржат од 6 до 9 јуни

од Stefanija Kuzmanovska

Амбасадорите на 27-те земји на Европската унија одлучија следните избори за Европскиот парламент да се одржат од 6 до 9 јуни 2024 година, соопшти денеска шведското претседателство со Советот на ЕУ.

Овој договор треба да биде официјално одобрен од Советот на министри на ЕУ во понеделник.

Изборите за европратеници, кои се одржуваат на секои пет години, ќе предизвикаат и обнова на шефовите на главните европски институции – Европскиот парламент, Европската комисија и Европскиот совет.

Слични содржини