На избирачките места во општина Центар е констатирано дека избирачкиот материјал, на листата со кандидати за градоначалници и советници за општина Центар – не е испечатено логото на независните кандидати на Шанса за Центар – Независни заедно, кај Група избирачи Јане Димески на листата за совет и кај Група избирачи Билјана Ивановска на листата за градоначалници, соопштија Граѓанска иницијатива Шанса за Центар – Независни заедно.
„Спротивно на членовите од Изборниот законик 97 Став 1 и 98 став 1 врз нашите канидати е направена флагрантна дискриминација , ставање во нерамноправна положба и поништување на еднаквоста на избирачкото право.
Оваа неправилност е контатирана на целата територија на општина Центар и може да претставува основа за поништување на изборите во оваа општина.
Шанса за Центар се обиде да поднесе приговор во системот на ДИК кој во моментот додека се обидувавме да го поднесеме преку електронската форма на страницата на ДИК не беше во функција.
Поднесен е приговор по електронски пат преку електронска пошта и во архивата на ДИК. Во прилог ви доставуваме фотографија од избирачката листа и скриншот од електронската пошта кога е испратено логото во ОИК од 11 септември 2025 година“.