Двете најголеми политички партии на изборите настапуваат со своите коалициони партнери, на кои по логичниот редослед им следуваат и пратенички места. На листите на владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ места добиле дел од коалиционите партнери, бидејќи дел од нив се договориле со партијата-носител, доколку нивната Коалиција победи, да добијат директорски места.
Според веќе готовите листи, СДСМ одвоила 35 места на кандидатските листи за пратеници, додека пак на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, коалиционите партии добиле само девет места. Во првата Изборна единица, СДСМ издвоила пет места за коалицијата, а ВМРО-ДПМНЕ има издвоено три пратенички места. Во двојката, СДСМ дава четири места на коалицијата, а ВМРО-ДПМНЕ две места.
Владејачката партија издвоила пет места за кандидати од коалицијата во тројката, каде опозициската партија има издвоено само едно место за коалиционите партнери. Во третата Изборна единица, коалицијата на СДСМ добила три места за кандидати за пратеници од коалиционите партнери, додека пак ВМРО-ДПМНЕ во оваа Изборна единица отстапува две места за коалицијата.
Коалиционите партнери на СДСМ во петката добиваат седум места за кандидати за пратеници, а ВМРО-ДПМНЕ во оваа Изборна единица настапува само со свои кандидати, односно нема отстапено ниту едно пратеничко место на коалицијата. Во шестата Изборна единица, СДСМ издвојува давнаесет места за коалицијата, а ВМРО-ДПМНЕ во шестката издвојува само едно место.