Избрани драми од Горан Стефановски на Саемот на книгата

од Берта Китинска

На Саемот на книгата книжарницата „Полица“ го промовира своето ново издание, драмски избор од Горан Стефановски, кој ги опфаќа драмите: „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-фај“, „Дупло дно“, „Баханалии“ и „Демонот од Дебар Маало“.

– Драмскиот автор, писател, драматург, професор, човекот Горан Стефановски, ни е повеќе од потребен во вакви (не)времиња, поради неговиот отворен дијалог со разнокултурието околу нас, поради неговиот нецензуриран монолог со себе и сопственото творештво, поради неговиот луциден, јасен, интелигентен јазик…, велат од „Полица“.

За Горан Стефановски и за неговите драми на Саем ќе зборува Ана Стојаноска.

Слични содржини