424
Изгаснат е пожарот кој попладнево избувна во старата административна зграда на поренешната фабрика за леб „Жито Битола“. Пожарот кој почна во 17.20 часот го гаснеа девет пожарникарски возила со 27 пожарникари.
По регистрирањето на пожарот во Битола беа мобилизирани Територијалната противпожарна единица, службени лица на СВР-Битола, а на терен присуствуваше и градоначалникот Тони Коњановски со цел координација и обезбедување на дополнителни информации.
Во пожарот нема повредени лица, а превентивно во текот на ноќта пред опожарениот објект ќе дежураат екипи на Територијалната против пожарна единица и сообраќајна полиција.