Европската унија презеде дополнителни чекори за укинување на летното и зимското сметање на времето.

Одборот на Европскиот парламент денеска изгласа со 23 гласа за и 11 против во 2021 година да се укине поместувањето на часовникот кое со децении се случуваше два пати годишно, во пролет и на есен, пренесе АП:
Останува на пратениците да одлучат кое време – летно или зимско – да биде усвоено во иднина, а во ЕУ постојат различни мислења за тоа кое од овие две времиња да стане стандард.
Многу држави членки воспоставија промена на времето за врме на нафтената криза во 1970-тите, како обид да заштедат енергија.
Од 1996 година, сите земји на ЕУ истовремено го менуваат своето време.
Предлогот сега оди пред Европскиот парламент и парламентите на земјите членки на Унијата.