Изгледот не е важен: Овие три особини ги поседуваат најпривлечните луѓе

431 прегледи

Иако изгледот е навистина важен фактор на привлечност, многу важна ставка во пронаоѓање на партнер, се неговите, односно нејзините, особини.

Сигурно секој од вас во главата има некаков попис со критериуми кои треба да ги задоволи вашиот идеален партнер, а експертите сметаатт дека овие три особини се најпривлечни кај спротивниот пол.

Смисла за хумор

Веруваме дека смислата за хумор во повеќето случаи е на врвот на листата на особини кои ги барате кај партнерот и тоа негде на врвот. Затоа, многу е логично потенцијалниот партнер истото да го бара и од вас. А дека смислата за хумор е една од најважните ставки во врската, потврдија и научниците.

„Луѓето со добра смисла за хумот се поатрактивни во очите на партнерот и општо, имаат повеќе шанси за успех во пронаоѓањето на партнер“, потврдиле научниците од универзитетот во Албанија.

Самодоверба

Многу едноставно – жена која има самодоверба е многу попривлечна од онаа која нема. Мажите сакаат жена која е задоволна со својот живот бидејќи сакаат да бидат дел од тој живот.

Амбициозност

Жените кои знаат што сакаат во животот и се трудат да ги остварат своите цели, се многу попривлечни од оние кои немаат никакви амбиции. Истото важи и за мажите, бидејќи ниту една жена не сака партнер без никакви соништа и цели.

Слични содржини