197
Доцна синоќа изгореле 4000 пилиња на фарма за кокошки во полошко, информираа од МВР. Немилиот настан бил пријавен во Тетовската полиција во 3 часот и 50 минути.
-Пријавено е дека настанал пожар во објект (барака) со инкубатори за пилиња во тетовско Камењане, сопственост на 32-годишниот С.Р. од ова село. Нема повредени лица, а во пожарот, според пријавеното, угинале околу 4000 пилиња, велат од СВР Тетово.
Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица пожарот целосно е локализиран.
Во текот на денот ќе се врши увид.