Излеговме како апсолутен победник во овој изборен циклус, велат од ДУИ

од Берта Китинска

Демократската Унија за Интеграција оценува дека вториот круг од локалните избори одржан во недела на 31 Октомври 2021 година помина во мирна и демократска атмосфера каде граѓаните го искористија правото на глас и ги избраа своите локални претставници.

„ДУИ излезе како апсолутен победник во овој изборен циклус, освојувајќи ги повеќето општини на републичко ниво каде што се натпреваруваше“, се вели во партиското соопштение.ДУИ во првиот круг победи во три општини и тоа Липково, Сарај и Пласница, додека во вториот круг победи во општините Арачиново, Чаир, Струга, Кичево, Боговиње, Теарце и Долнени.

Демократската Унија за Интеграција на 14 Ноември ја продолжува трката во општина Дебар, каде очекува да излезе како победник во вториот круг во оваа општина, завршувајќи го овој изборен циклус успешно и со градоначалници во 11 општини, велат од партијата.

Демократската Унија за Интеграција во оваа прилика им се заблагодарува на сите граѓани за укажаната доверба на овие локални избори, со што стана прва партија во албанскиот политички блок и воедно им честита на новите градоначалници на општините кои ќе започнат со работа, а воедно и со реализација на Зелената агенда што е ново поглавје за подобар живот на сите граѓани.Исто така, Демократската Унија за Интеграција на новите градоначалници од политичките противници им посака успех во работата и исполнување на ветувањата дадени пред гласачкото тело“, стои во соопштението.

Слични содржини