Излезе од печат книгата „Безбедносни ризици и закани-третман, феноменологија и мапирање“ од Марјан Ѓуровски, Марјан Николовски и Саше Герасимоски

од Берта Китинска
366 прегледи

Во издание на Факултетот за безбедност-Скопје и фондацијата „Конрад Аденауер„ излезе од печат книгата „Безбедносни ризици и закани-третман, феноменологија и мапирање” од проф. д-р Марјан Ѓуровски, проф. д-р Марјан Николовски и проф. д-р Саше Герасимоски.

Публикацијата укажува на опасностите од современите видови ризици и нивната закана по виталните интереси и безбедноста на граѓаните, пред сè.

Овој ракопис произлегува од проект за истражување од кој меѓу другото се презентирани дел од прелиминарните резултати кои се однесуваат на утврдување на безбедносните ризици со кои денес се соочуваат современото државата. Воедно објавениот ракопис дава придонес кон веќе публикуваните публикации и истражувања на Факултетот за безбедност и фондацијата „Конрад Аденауер„

Како резултат на современите глобализациски и постмодерни промени во карактерот на ризикот, доминираат надворешните безбедносни ризици и во современото македонско општество, истакнуваат авторите на книгата професорите Ѓуровски, Николовски и Герасимоски. При тоа заклучуваат дека сложените глобализациски и постмодерни општествени односи придонесуваат да дојде проширување на безбедносниот ризик во државата и пошироко.

Карактерот на ризикот дефиниран во услови на глобализација влијае врз карактерот на безбедносниот ризик во современото живеење. Глобализациските и постмодерните дефинирања на карактерот на ризикот како негативен (безбедносен) ризик влијаат врз дефинирањето на карактерот на ризикот како безбедносен ризик во Република Северна Македонија.

Посебна цел на овој ракопис е воспоставување методологија за процесот на мапирање на посебните елементи на ризикот кои се однесуваат на податоци за идентификуваните опасности, изложеноста на потенцијалните елементи на загрозување, податоци за нивната ранливост, како и податоци за капацитетите (ресурсите) на системот за управување со кризи кои може да се употребуваат во функција на превенција и справување со потенцијалните ризици и надминување на предизвиканите последници.

Досегашните научни истражувања во областа на безбедносните ризици во Република Северна Македонија, велат авторите, се недоволни. Поаѓајќи од фактот дека живееме во ризично општество во кое безбедносните ризици стануваат сè побројни, пофлуидни и поразновидни, во ова истражување се користи современа теоретска основа врзана со проучувањето на современите ризици како општествен и безбедносен проблем, а пред сè во контекст на современите општествени услови и поставеност на државата и нејзините безбедносни институции со цел да се утврди кои се присутни основните карактеристики на безбедносните ризици својствени за глобализираните и постмодерните општества

Слични содржини