Изложба на карикатури „Бегалска криза 2018″

од desk4
82 прегледи

   Изложба на карикатури „Бегалска криза 2018“ од Мирослав Георгијевски-Миро од денеска е поставена во изложбениот салон во Центарот за култура во Крива Паланка.

Претставено е 31 дело, а за посетителите изложбата ќе биде отворена во наредните десет дена.

Покрај оваа, Георгијевски имал  16 самостојни, како и голем број групни претставувања. Учествувал на фестивали за карикатура и конкурси и добитник е на повеќе од 70  признанија и награди од 23 земји во светот.

Изложбата е дел од годишната програма на НУЦК Крива Паланка, поддржана од Министерство за култура.