Изминатиот викенд санкционирани 2045 возачи, 637 за брзо возење

од Даниел Ѓорѓиевски
6 прегледи

Во текот на викендот (08/09.03.2025) и во петокот (07.03.2025), статистиките од сообраќајните контроли во земјата покажуваат дека нивото на сообраќајна култура и одговорност останува под задоволителните критериуми. Преземените мерки за спроведување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила укажуваат на потребата од поголема свест кај возачите.

Според податоците, во овие три дена биле издадени вкупно 2045 платни налози, при што најмногу прекршоци се евидентирани за возење со брзина поголема од дозволената – 637. Потоа следат неправилно паркирање со 393 прекршоци, возење без возачка дозвола со 225 санкции, и возење под дејство на алкохол со 146 санкции.

Во сообраќајните контроли, полициските службеници издале 115 прекршочни платни налози за некористење сигурносен појас, 56 санкции за користење на мобилен телефон при возење, 35 мерки за возачи на мотоцикли поради некористење заштитна кацига, и 14 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Исто така, согласно Законот за возила, исклучени се 58 нерегистрирани возила и 12 технички неисправни возила.

Министерството за внатрешни работи најавува продолжување на засилените мерки за подобрување на сообраќајната безбедност и континуирано реализирање на превентивни активности со цел да се поттикнат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите.

Слични содржини