Измислила дека има рак , па собрала 15.000 фунти за луксузна свадба

од desk2
174 прегледи

Британката Карла Луис Еванс успеала да ги излаже хуманите луѓе со приказна преку социјалните мрежи дека има рак за да собере 15.000 фунти.

29- годишната Британка од Манчестер се досетила како да дојде до пари за венчавка за која од секогаш сонувала.

За да изгледа дијагнозата поуверлива, таа го фалсификувала потписот на докторот Адам Картер на документот со кој наводно се потврдува дека е во краен стадиум на тешка форма на рак.

Сепак , хуманитарната организација преку која одела акцијата за собирање пари , ја открила измамата и ја пријавиле Карла во полиција.

Инаку Британката има две деца , а сега и се заканува затворска казна од шест месеци до три години.