Истражувањето се одржало меѓу близу 6.500 жени.

Кафето ја намалува веројатноста од малоумност кај понежниот пол. Таков е резултатот од истражувањето во САД, спроведено над 6.467 жени. Тоа е објавено во Journals of Gerontology Series A Biological Sciences and Medical Sciences, пишува “Марица”.
Станува збор за употреба на кофеин во одредени дози. Тој го намалува ризикот од старечка малоумност, кај дамите над 65 години.
Истражувањето траеше 10 години. Учесниците во него биле поделени на две групи – во една пиеле по 61 милиграми кофеин дневно – помалку од чашка кафе. Во другата по 261 милиграми – 4 чаши Америка.
По 10 години 388 дами развиле малоумност. Оние кои пиеле поголема доза, биле со 26% помалку од оние кои се заглавиле само со 61 милиграми.