Израел го признава Косово, Србија ја преместува амбасадата во Ерусалим

од Nikola Popovski
188 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјавил денеска во Белата куќа, по потпишувањето на договорот меѓу Србија и Косово, дека двете земји „се согласиле за нормализирање на економските односи“.

Како што објавија српските медиуми, Трамп ја поздравил „огромната промена“ постигната по повеќе од една деценија откако поранешната српска покраина прогласила независност.

Воспоставување дипломатски врски

Говорејќи во Овалната соба пред состанокот со највисоките претставници на Србија и Косово, Трамп рекол дека Србија се согласила да ја премести амбасадата од Тел Авив во Ерусалим и дека Косово и Израел се согласиле за нормализирање на односите и воспоставување дипломатски врски.

Освен Трамп, договорот го потпишале српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти по дводневните преговори во Вашингтон.

Слични содржини