Израел за намалувањето на ефикасноста на вакцината „Фајзер“: Се совпаѓа со делта-вирусот

од Vladimir Zorba

Израел денес објави намалување на ефикасноста на вакцината „Фајзер/БајонТек“ против Ковид-19 во спречување на инфекции и симптоматски болести, но исто така изјави дека сепак е многу ефикасна во спречување на сериозни болести.

Падот на ефикасноста на вакцината се совпадна со проширувањето на делта верзијата и укинувањето на ограничувањата за физичко растојание во Израел, објави Ројтерс.

Ефективноста на вакцината во спречување на инфекции и симптоматски заболувања се намали на 64% од 6 јуни, објави Министерството за здравство на Израел.

Во исто време, вакцината е ефикасна 93 проценти во спречување на хоспитализации и сериозни болести од вирусот, пренесе Танјуг.

Портпаролот на „Фајзер“ одби да ги коментира податоците од Израел, но наведе други истражувања кои покажаа дека антителата произведени од вакцината сепак се во можност да ги неутрализираат сите тестирани варијанти, вклучително и делта-варијантата, иако со намалена јачина.

Слични содржини