Израел за три месеци во Газа уби повеќе новинари отколку што се убиени во светот за две години

од Stefanija Kuzmanovska

Бројот на убиени новинари во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври е поголем од бројот на убиени ширум светот во 2021 и 2022 година.

Израелската армија, која повеќе од три месеци ја бомбардира Газа од копно, воздух и море, во своите напади уби повеќе од 23.000 цивили, меѓу кои и бројни новинари.

Според податоците од меѓународните организации, 109 новинари и медиумски работници биле убиени во 2021 и 2022 година.

Според соопштението на владината прес-служба во Газа, бројот на медиумски работници кои ги загубија животите во нападите извршени од Израел од 7 октомври достигна 112. Ова открива дека бројот на новинари убиени од Израел во Газа за три месеци е повисок од бројот на убиен низ целиот свет во 2021 и 2022 година.

Слични содржини