Израел започна да дава трета доза Фајзер на одредени групи луѓе

од Берта Китинска

Израел започна да ја дава третата доза на вакцина за коронавирус на луѓе со ослабен имунолошки систем.
Министерството за здравство објави дека поради зголемувањето на бројот на заразени лица, им овозможува на „имунокомпромитираните“ лица да ја примат третата доза од вакцината Фајзер.

Повеќето нови случаи се меѓу децата кои не ги исполнуваат условите за вакцина, а Владата ги охрабрува младите да се вакцинираат.

Повеќето новопријавени случаи имаат лесна форма на болеста.
Израел вакцинираше повеќе од 61 процент од своите 9,3 милиони граѓани со најмалку една доза и скоро 56 проценти со две дози.

Од започнувањето на кампањата за вакцинација во декември, огромното мнозинство прими вакцина Фајзер.

Слични содржини