Израелската армија: Под болница во Газа пронајден командниот центар на Хамас

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролот на израелската армија (ИДФ) Даниел Хагари објави дека припадниците на ИДФ извршиле рација во детската болница Рантиси во градот Газа и под неа го нашле командниот центар на палестинската милитантна група Хамас.

„Под болницата, во подрумот, го најдовме командниот и контролниот центар на Хамас, елеци за бомбаши самоубијци, гранати, пушки АК-47, експлозивни направи и друго оружје, компјутери, пари“, рече Хагари на прес-конференција, пренесе „Тајмс оф Израел“.

Тој додаде дека се пронајдени докази кои укажуваат дека Хамас држел заложници под детската болница.

Слични содржини