Извршена првата фаза од авионско прскање против комарци

од Марта Пешевска
107 прегледи

Првата фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на Град Скопје  беше извршена во раните утрински часови, соопштија од Град Скопје.

Воедно, потсетуваат дека денеска ќе започне и терестричната дезинсекција, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, а ќе заврши најдоцна до 23.05.2019 (четврток). Предвидено е прскањето од земја да се реализира во период од 23:00 до 04:00 часот.