Ја нападнал својата поранешна девојка и ја однел во неговата куќа

од Nikola Popovski

Полицијата информираше дека жител на Тетово физички ја нападнал својата поранешна девојка и ја однел во неговата куќа.

Според податоците на МВР, синоќа во 22.30 часот во СВР Тетово, 22-годишна жителка на Тетово пријавила дека на 20.08.2021 околу 23.00 часот на ул.„Видое Смилевски Бато“, М.А.(32) од Тетово, со кого порано била во љубовна врска, физички ја нападнал и ја однел во неговата куќа, од каде подоцна успеала да замине.

Се работи на расчистување на случајот.

Слични содржини