Ја прекршил наредбата за карантин, па го изел крокодил

Маж во Руанда ја прекршил наредвата за изолирање поради коронавирусот за да отиде на риболов, но го убил и изел крокодил.

„Го прекраши правилото за седење дома, тој е меѓу ретките луѓе кои не ги почитуваа правилата за изолација за да го запреме вирусот“, изјавила за BBC Алис Кајитеси, градоначалничка на градот Камони.

Неидентификуванио маж бил нападнат и изеден од крокодил крај реката Ниабаронго, пренесоа тамошните медиуми.

Афричката држава со околу 12,2 милиони жители, за сега, има 40 потврдени случаи на коронавирусот, а од неделата земјата е во карантин.

Слични содржини