Откако со денови се правел дека не знае каде се го пријавил исчезнувањето на сопругата и двете деца, маж (33) од американската држава Колорадо призна дека ги убил.

Телото на неговата трудна сопруга Шенон Вок (34) пронајдено е во четвртокот навечер, а телата на убиените ќерки, Бела и Селеста,се уште се бараат.
Нејзиниот сопруг, убиецот Кристофер Вок, гостувал на телевизија правејќи се дека така помага да се прошири информацијата за исчезнатата сопруга и децата. Во средата гостувал на телевизија во емисија на NBC, а само ден по гостувањето уапсен е под сомнение дека го убил своето семејство. Полицијата чува многу податоци кои сега ја интересираат јавноста. Како ги убил, каде се телата на децата? Во меѓувреме, не е јасно како по два дена глумење дека е очаен што му ги нема сопругата и децата, Кристофер го признал убиството.
На американските портали се уште стои објавата од понеделникот дека исченала трудна жена со две мали деца.
Кристофер во текот на интервјуто на телевизија говореше со очај, дека не може да верува што се случува и дека нема појма каде му се жената и децата. Во одвоено интервју за Fox додава дека сопругата му рекла дека ќе оди кај пријателка.
Pregnant mother and her two young daughters reported missing in Colorado pic.twitter.com/jgnYLrosP7
— TODAY (@TODAYshow) August 15, 2018
„Рече дека со децата ќе оди кај пријателка и тоа е последно што слушнав од неа“, вели Кристофер.
Кога го прашале дали пред исчезнувањето се карале, тој вели не, дека имале емотивни разговори до утрото, но дека не се скарале. Но, на истражителите кои работеле на пријавата за исчезнување им било шудно што Шенон, ако решила така одеднаш да го напушти сопругот, не зела ништо од облека, паричник, документи, или мобилен телефон. Од разговорот со семејството не се насетувало дека има психички или емотивни проблеми. Сите сведочеле дека била активна колку што можела со оглед на бременоста и дека се радувала на третото дете.
Понатамошна истрага ќе покаже што стои зад сето тоа, а се очекуваат детални информации од полицијата, која за време на потрагата по телата не сака да објави како ги убил и што направил со нивните тела.