Ја загуби битката со ракот: Позната актерка почина на 28-годишна возраст

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Саманта Вајнштајн почина на 28-годишна возраст по две и пол години битка со ракот на јајниците.

Веста за нејзината смрт за Global News Canada ја потврдил нејзиниот татко Дејвид Вајнштајн.

Тој рекол дека неговата ќерка била како сонце и дека ги осветлувала сите штом ќе се појавела, додека мајката на актерката додала дека Саманта со својот позитивен став го променила начинот на живот на сите луѓе околу неа.

Саманта е најпозната по нејзината улога на Хедер во римејкот на „Кери“ од 2012 година, во кој глумеше заедно со Џулијан Мур и Клои Грејс Мориц.

Слични содржини