Ја заледува крвта: Американците тврдат дека рускиот ловец Су-57 испушта „језиви крици“ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Новинарите на американскиот весник Popular Mechanics го насочија вниманието на звукот кој се емитува во текот на летот на рускиот ловец од петтата генерација Су-57.

Коментирајќи го видеото за летот на четири авиони на мала надморска височина, авторите на текстот истакнаа дека на видеото може да се слушне нешто слично на крик на митско суштество или работа на мотор на вонземјански брод.

– Новиот ловец испушта невообичаено силен заглушувачки звук. Кога се појавува авионот, тој се претвора во језив крешендо – се наведува во статијата.

Според авторите, снимката е направена, веројатно, во јуни 2020 година, за време на подготовките за воената парада во Москва.

Авионот ги има сите карактеристики на петтата генерација – намалена радарска видливост, сеопфатен преглед на радарскиот систем, можност за интеграција во единствен информативен простор на операции воздух-земја, супер-маневрирање, како и „паметна“ пилотска кабина .

Слични содржини