Редовното консумирање на овошје штити од болести како Алцхајмеровата и помага за регулирање на килограмите. Придобивките од овошјето сепак може да влијаат на човечкиот организам многу порано отколку што претпоставуваме.
Според експертите за детски развој од Канада жените кои консумираат повеќе овошје за време на бременоста, е поверојатно да родат попаметни деца, отколку оние кои јадат малку или никакви плодови, пишува британскиот весник “Телеграф”.
Научниците утврдиле дека жените кои конзумираат повеќе овошје, раѓаат деца кои потоа имаат повисоки резултати на тестовите за ран развој извршени штом децата ќе наполнат 12 месеци. IQ буквата на овие децата е со шест или седум поени повеќе од стандардната за едногодишно дете.
Потребниот внес на овошје или овошни сокови за раѓањето на поинтелигентно дете е најмалку шест или седум пати дневно. “Ние откривме дека еден од главните фактори за одредување на когнитивниот развој е тоа колку овошје троши мајката за време на бременоста. Колку повеќе овошје јаде, толку посилен е когнитивниот развој “, изјави Пиуш, автор на студијата и професор по педијатрија на Универзитетот Алберт.