Кога избирате брокула, секогаш внимавајте да биде темно зелена и цврста, без дамки по неа.

Се чува 3-4 дена во ладилник па се замрзнува потоа.
Кога ја чистите нека бидат еднакви цветовите кои ги делите, за исто да се сварат и подготват.
За неа е познато дека е богата со витамини Ц, А и Б, калиум и магнезиум, фосфор и натриум.
Во 100 грама свежа брокула има 91 процент вода, 2,7 грама влакна, 76 милиграми витамин Ц.
Делува позитивно на варењето на храната и целиот дигестивен тракт, таа е и одличен антиоксиданс.
Штити и од срцеви болести.
Штити и од хеликобактер и се бори со опасната бактерија.