Јадете чоколадо за интелект, здрави нерви и стабилен крвен притисок

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Луѓето кои јадат чоколадо барем еднаш на ден, покажале подобри резултати на тестовите за когнитивни способности од оние кои го консумираат ретко.4984127

Ова го покажува истражување Универзитетот во Мајна, Универзитетот во Јужна Австралија и Институтот за здравјето во Луксембург. Во истражувањето објавено во списанието “апетит”, учествувале 968 лица на возраст од 23 до 98 години.

Научниците сметаат дека редовното конзумирање какао флаванол може да е еден од неколкуте фактори, кои ги објаснуваат когнитивните придобивки на чоколадото. Одделно од тоа тие тврдат дека ризикот од зголемен крвен притисок и дијабетес тип 2 е помал кај луѓето кои редовно консумираат чоколадо.

Научниците утврдиле дека идните истражувања ќе обезбедат дополнителен увид во односот на чоколадото, богат со какао флаванол, нерв за психолошкото здравје и механизмите кои ги поврзува. Тие сметаат дека во идните истражувања ќе биде важно да се проучат оптималните количини конзумирани  чоколадо со краткорочни и долгорочни ефекти.