Јадете многу благо? Можеби само не спиете доволно

од desk4
189 прегледи

Лошиот сон многу влијае врз тоа каква храна избираме во текот на денот. Луѓето кои имаат слаб квалитет на спиењето, често избираат и имаат желба за што полоша и нездрава храна.

Недостатокот на сон влијае врз многу од нашите витални функции и со текот на времето може да предизвика нарушувања и заболувања. Со едно истражување спроведено на Северозападниот универзитет во Чикаго, се покажало дека кога ноќта лошо спиеме, следниот ден сме посклони кон чипсови, десерти и чоколади.

Кога спиењето е ускратени, одредени делови од мозокот не добиваат доволно информации, по што тој сигнализира дека нема доволно енергија. А, најбрз начин за тоа да се случи е брзата храна која дава инстантна енергија, токму она што му треба на телото.

Во текот на експериментот биле тестирани мажи и жени на возраст меѓу 18 и 40 години и биле поделени во две групи. Едните спиеле 7-8 часа ноќе, а другите помалку од 6 часа. Потоа групите биле заменети.

Се покажало дека оние кои помалку спиеле, од понудената маса со храна земале нездрави намирници, полни со калории и шеќери, додена оние од наспаната група правилно ги комбинирале оброците.

Слични содржини