Адис Јаховиќ имаше ново голгетерско шоу, Македонецот во два наврати ја тресеше мрежата на Аланијаспор во возбудливото реми од 3-3

Уште едно импресивно издание на Адис Јаховиќ, македонскиот „бомбардер“ вечерва ја „решеташе“ мрежата на Аланијаспор.
Тој го отвори резултатот кон финишот на првиот дел кога скокна највисоко по еден корнер и донесе предност на домаќините од 1-0.
Адис Јаховиќ потоа одлично се снајде во 74. минута, смири една топка во срцето на петерецот и рутински донесе водство од 3-1.
Сепак, неговите два гола не беа доволни за победа, гостите до крајот на средбата се изборија за 3-3.
https://www.youtube.com/watch?v=Qm_qMr05W4U
https://www.youtube.com/watch?v=HhJ1owJoFag