Јакуповиќ бара јавно извинување од Ибрахим: „Кога се работи за уметност, уметниците секогаш се фактор, а не политичарите“

од Nikola Popovski
465 прегледи

Актерот Един Јакуповиќ, дел од Турскиот театар, бара јавно извинување од пратеникот Енес Ибрахим „за нарушување на неговиот професионален углед“, поради како што вели, „изнесени груби лаги“.

-За ланската година сум оценет со 10 за завршни актерски способнсти. Како актер и продуцент на НУ Турски театар му поклонивме проект успесен само поради промоција и заштита на интересите, а со цел заштита и збогатување на репертоарската политика. Проектот „Оркестар Титаник“ без ниту денар потрошен на театарот. Пратеникот да одговори јавно дали Ајлин Емин Скоро извршува функција потпретседател на партијата, дали доколку се покажат вистинити фактите за негови потписи е спремен да се извини на јавноста и да поднесе оставка!?Дали јавно со клеветите за мојот професиобален ангазман се заканува за мој професионален линч?, вели Јакуповиќ во разговор за „Локално“, како реакција на изнесениот став на пратеникот.

Според него, „кога се работи за уметност, уметниците секогаш се фактор, а не политичарите тие немаат право да бидат фактор“.

-Јас моето право за реакција или коментар околу случувањата во театарот „како фактор“ го добив со дипломирањето на соодветниот факултет при УКИМ и со својот ангажман во десетина претстави како надворешен соработник и потоа како вработен и дел од ансамблот на турскиот театар. Поточно тој што го вели ова всушност не е „некаков фактор“ бидејќи е несоодветен кога се работи за област култура и уметност, објаснува Јакуповиќ.

Тој додава дека реакцијата на Ибрахим „ја прима како закана дека во наредниот период нелегално поставената директорка уште повеќе ќе му се одмаздува и ќе врши поделби во институцијата“.

-Можат да ме ликвидираат, но додека сум жив ќе се борам за правда и враќање на пиедесталот на НУ Турски театар Скопје, онаму каде што заслужува на врвот во нашата уметност. Барам јавно извинување за нарушување на мојот професионален углед или ке поднесам соодветна пријава за грубите лаги од негова страна, истакнува Јакуповиќ.

Актерот денеска обвини дека новата директорка на националната установа Турски театар во Скопје, Ајлин Емин Скоро „дошла на чело на функцијата преку потпишани фиктивни документи“.

Тој смета дека Ибрахим „ѝ потпишал на Скоро фиктивни договори дека имала 5 години работно искуство во областа на културата“.

-На третиот конкурс дали е вистина дека Ајлин поднела авторски или договор за дело дека била вработена во Турција како заменик-драматург. Жената што двапати не ја избираат, третиот пат носи документи дека била заменик-драматург, професија што не постои. Сакам да ја прашам дали е спремна да излезе на дебата со факти и програми и дали е спремна да го даде пасошот на увид дека навистина била во Турција. Лично ја знам личноста и знам дека нема ниту 20 дена поминати во Турција, уште помалку во областа на култура и театар, изјави Јакуповиќ.

Со реакција се јави и пратеникот Ибрахим. Тој во изјава за „Локално“, вели дека „Јакуповиќ ниту во рамките на театарот, ниту пак надвор од театарскиот свет нема никаква репутација за да биде некаков фактор“.

-Особено поради фактот што дотичниот со години добива плата од таа институција, а нема никаков придонес во работата на НУ Турски Театар. Јас сум пратеник и немам никаква корелација со процесот за избор на директор на НУ Турски Театар. За таа постапка има одговорен ресор и верувам дека целиот процес е спроведен на најтранспарентен начин. А исто така крајно дегутантно е да се злоупотреби НУ Турски Театар за лични хирови и политички калкулации. Бидејќи станува збор за повеќедецениска капитална културна установа која е клучна за целата турска заедница во РСМ. А покрај тоа, сметам дека актуелната директорка е успешна особа која има свој интегритет и квалитет и ваквите подли напади нема да успеат да ја загрозат нејзината енергија и визија за развој на НУ Турски Театар, објасни Ибрахим за „Локално“.

Н.П.

Слични содржини