По наредба на премиерот Стефан Јанев, Бугарија испраќа поддршка на Република Северна Македонија за справување со пожарите, објави БГНЕС.
„Нашата земја ќе ја поддржи РСМ преку механизмот за взаемна помош, а за гаснење на катастрофата во Кочани и Делчево, бугарската влада планира да испрати 25 пожарникари, 3 противпожарни возила и уште 2 амбулантни возила“, вели Јанев.
Уште вчера, во телефонски разговор со премиерот Зоран Заев, Јанев изјави дека Бугарија е „подготвена да им помогне на своите соседи со потребната поддршка за гаснење на катастрофата“.