Груевски во СЈО влезе со капут излезе без него.

Два часа откако влезе во Специјалното јавно обвинителство, поранешниот премиер Никола Груевски излезе без капут. На излегување од просториите на СЈО обезбедувањето го потсети Груевски дека нема капут, по што тој праша: „Носев и капут, така?“ Груевски чекаше надвор, а неговото обезбедување се врати во СЈО и му го донесе капутот.
Инаку специјалната јавна обвинителка Катица Јанева откри дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и екс-премиер Никола Груевски бил на распит во предистражна постапка.
Јанева рече дека и Груевски и останатите лица во моментов се во својство на сведоци бидејќи станува збор за предистражна постапка, и дека некој би можел да стане осомничен ако се отвора истрага.
Обвинителката откри дека предистражната постапка се заснова на два телефонски разговори кои не се јавно објавени а се водат помеѓу две лица.