Екс специјалната обвинителка, Катица Јанева со полициска придружба пристигна во Кривичниот суд во Скопје.
Денеска треба да се одржи првото рочиште за случајот „Рекет“ во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална јавна обвинителка Јанева и Зоран Милевски – Кичеец.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Јовановски, Јанева и Милевски.
Како што соопшти Јавното обвинителство, првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинета Јанева се товари и дека сторило и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Фото: Борче Поповски