Јанша шокира со Твит за геноцидот во Сребреница

од Vladimir Zorba
227 прегледи

Премиерот на Словенија, Јанез Јанша ги шокираше сите со порака на својот официјален профил на Твитер на денот кога се одбележува 25-годишнината од геноцидот во Сребреница.

„Сребреница во 1995 година немаше да се случеше доколку ООН ги осудија комунистичките злосторства на ист начин како и холокаустот. Бидејќи тоа се случи и покрај големиот број убиени луѓе, доктрината на ЈНА дека непријателот треба да биде физички уништен, оживеа за време на распадот на Југославија“, напиша Јанша на својот профил на Твитер.

Многумина го коментираа ова на таков начин што овој политичар го привлекува вниманието на јавноста кон нешто друго, изразувајќи пораки кои можат да се толкуваат како фашистички. Тие се прашуваат дали Јанша се обидува да ги амнестира криминалците кои извршија едно од најголемите геноциди во поновата историја.

Дело пишува дека поранешниот словенечки премиер Марјан Шарец ја осудил изјавата на Јанша и дека рече дека на денот на одбележување на геноцидот во Сребреница, сите треба да се свртат кон размислување за да се спречат вакви непријатни настани и дека изјавите на Јанша се спротивни на тоа.

Словенечкиот пратеник Миха Кордис изјави дека Јанша е одговорен за масакрите во поранешна Југославија, бидејќи шверцувал оружје.

„Ова се гревови на неговите идеолошки браќа“, додаде тој.

Европратеничката Тања Фајон го нарече твитот безобразен, додека нејзиниот колега Милан Брглез рече дека чинот на Јанша е штетен за жртвите и семејствата на жртвите во Сребреница и дека станува збор за „срам за надворешната политика“.

Говорот на Јанша беше осуден и од словенечкиот поет Борис А. Новак, потпретседател на Меѓународната асоцијација на поети, есеисти и романописци.

По бројните осуди, Јанша во неделата напиша дека геноцидот во Сребреница „бил осмислен од зло, израснато во комунистичкото училиште ЈНА под црвена sвезда“.

Треба да се потсетиме дека 25-годишнината од геноцидот врз Бошњаците извршени од страна на српските сили во јули 1995 година беше одбележана во саботата во Меморијалниот центар во Сребреница, Поточари. Девет идентификувани жртви на Сребреница беа погребани.

Слични содржини