Јапонскиот Парламент усвои закон за абдицирање на императорот од тронот

од desk2
112 прегледи

Јапонскиот Парламент денеска усвои закон што на императорот Акихито му дозволува да се откаже од тронот и да му го предаде на својот најстар син, принцот Нарухито, што ќе биде првата абдикација во Јапонија во последните над 200 години, соопшти ТАСС.

Во гласањето учествуваа 235 од вкупно 242 пратеници во Горниот дом и сите го поддржаа понудениот документ.

Законот се однесува единствено за 83-годишниот Акихито, кој треба престолот да му го предаде на својот 57-годишен син Нарухито, во рок од три години по неговото влегување во сила.

Акихито минатата година даде изненадувачка изјава, во која изрази стравување дека заради својата напредната возраст нема да биде способен да ги исполнува своите императорски обврски.