Јапонската железничка компанија се извини поради „големите непријатности“ кои ги предизвикалазатоа што еден од возовите тргнал пд станицата 20 секунди порано, пренесоа медиумите и додаваат дека ревноста изненадила и некои граѓани на Јапонија каде точноста се многу сериозно се сфаќа.

Воз на компанијата Цукуба експрес на релација Токи и северниот дел од главниот град, тргнал од железничката станица во 9.44 и 20 секунди, место во 9.44 и 40 секунди, според возниот ред.
„Жал ни е поради големите непријатности кои ги почувствуваа нашите корисници“, стои во извинувањето од комапнијата, а додадоа дека никој не задоцнил и никој не се пожалил.
Железничкиот сообраќај во Јапонија познат е по својата точност за да се обезбеди најдобар превоз.
Кога возот тргнува со задоцнување од неколку секунди вработениот се извинува на патниците што повече трае од самото доцнење.
Извинувањето на компанијата многумина го сфатија на шега па на социјалните мрежи стигнуваат шеговити коментари. Еден вели дека е необично да се извиниш што возот тргнал во 9.44, место во 9.44.