„Јас сум многу посилен од него“: Дени Девито откри зошто не снимиле продолжение на филмот „Близнаци“

од Stefanija Kuzmanovska

Актерите Дени Девито и Арнолд Шварценегер глумеа заедно во филмот „Близнаци“ од 1988 година.

Станува збор за приказна за близнаци разделени веднаш по раѓањето кои се среќаваат децении подоцна. Филмот постигна забележителен успех, а често се споменуваше и продолжение.

Девито сега откри дека „Близнаци 2“ навистина бил во план, но и зошто тоа не се случило.

„Арнолд и јас сакаме повторно да работиме заедно. Требаше да го снимаме ‘Близнаци 2’, но не го направивме тоа затоа што тој стана гувернер. Подобро ќе беше да го снимеше ‘Близнаци 2’ отколку што стана гувернер. Сега планираме нов проект за кој зборуваме долго време“, изјави тој за GQ.

На прашањето дали тој проект има некаква врска со „Близнаци 2“, тој рече:

„Не, се работи за двајца пријатели. И двајцата сакаме да поминуваме време заедно. Знаеме да си даваме поддршка еден на друг. Јас сум многу посилен од него“.

Слични содржини