
Светот ќе е на работ на сериозен конфликт, а кралското семејство ќе соопшти впечатлива вест, премиерот на Велика Британија Тереза Меј ќе биде заменета на функцијата уште пред крајот на 2018-та, предвиде позната јасновитка
Јасновитката Гема Пакингтон, за која се знае дека правилно го предвиде Брегзитот, ги претстави своите предвидувања за 2018 година. Ова го напиша Daily Mirror. Шеесет и едно годишната жена е единствената во светот, која иднината ја открива на необичен начин.
Пакингтон фрла аспарагуси во воздух и, врз основа на тоа како нивните врвови стојат кога паѓаат на земја, таа ги прави нејзините предвидувања. Според Гема оваа година, САД ќе го доведат светот на работ на сериозен конфликт.
Планетата ќе биде погодена од прилично страшни земјотреси и вулкански ерупции, но најмногу тешки вести ќе треба да се очекуваат од британското кралско семејство.
Според неа, следните 12 месеци ќе бидат означени со рекорден број на раѓања. Премиерот на Велика Британија, Тереза Мај, ќе биде заменета од функцијата и тоа пред крајот од 2018 година.
Вестминстер ќе има уште еден гласен политички скандал, информира novini.london. На овогодишното доделување на Оскари голем успех ќе постигнат британските филмови и златна статуетка ќе земе британски актер.
Нејзините предвидувања се нејасни во однос на спортот, каде што нејзините сонародници нема да добијат нешто значајно во текот на годината.