Новинарите генерално со негодување го прифаќаат обидот на обвинителството да сугерира дека сите идни снмики поврзани со акцијата ПУЧ не смеат да се објавуваат. Сепак, спротивставени ставови имаат двете новинарски здруженија ЗНМ и МАН. Во денешниот преглед, за Фактор, дел од македонските новинари ги споделуваат своите видувања.

Драган Антоновски, новинар:

“Не можам, никако не можам да се согласам со објавата на обвинителството, како ја злоупотребува својата позиција и гази врз основната дефиниција на професијата.

Solidarity after the attack on Charlie Hebdo

Новинарите мора да откриваат и да објавуваат во интерес на јавноста, не можат да кријат во интерес на партиите и бизнис елитите. И премиерот Груевски и Заев нѐ држат 4 месеци во заложништво и додека тие се пазарат, ние не знаеме дали тоа што го имаат како информација еден за друг, заслужуваат воопшто да ги погледнеме во очи, а камоли да ги гласаме. И сѐ уште не знаеме , а вие сега и со закон забранувате да се дознае и информира. Правите упад во основните постулати во професијата и криејќи се зад законот се заканувате ако новинарот си ја работи својата работа дека ќе го затворите или казните, сеедно .

Јавноста мора да знае, не смеете да криете од јавноста и да ѝ давате селективно кога сакате, што сакате, да ѝ давате кога ви одговара на спинот или според тоа дали ве критуваат или фалат.

Јавноста мора сѐ да знае! Не бива оваа снимка може, другата не може, а ако тоа го диктирате со закон тоа е цензура! Тоа не е демократски ама на кој му е гајле, вие сте закон и можете ако сакате, од позиција на моќ и власт, да го укинете новинарството!  Не ни измислувајте де заштитени сведоци, де какви не акти,  укинете го ова и дајте му ново име на она кои денеска го работат тоа по ваше, барем да не се поистоветуваат оние кои работат според кредото на професијата,  и другите кои работат вие како што сакате и законски налагате.“

Слични содржини