Јокиќ за поразот на Србија од САД: Најтешкиот во кариерата

од Vladimir Zorba
38 прегледи

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ го окарактеризира поразот од Американците во полуфиналето на Олимписките игри во Париз како најтешкиот во кариерата.

– Тоа беше добар натпревар. Веројатно најтешкиот пораз во мојата досегашна кариера. Голема шанса, но ете… На крајот не победија. Некои луѓе ќе го гледаат како нормален пораз, но за нас што го одигравме сигурно беше најтешкиот пораз во кариерата – изјави Јокиќ за новинарите во Абу Даби.

Јокиќ беше прашан и за (потенцијалното) заминување на селекторот Светислав Пешиќ од клупата на Србија.

– Па, не знам… Секогаш имам добри односи со тренерот и нормално, сакам да остане. Мислам дека зависи од него, не од нас, па сигурно, ако тој е тренер, ќе дадеме се од себе на теренот. Ако реши да не продолжи, мислам дека дефинитивно ќе го поддржиме, бидејќи мислам дека направи голема работа за нашата кошарка во изминатите неколку години – додаде Јокиќ.

Слични содржини