Јорданов: Службените возила се за службите, не за функционерите

од Берта Китинска
893 прегледи

Ги скратуваме непродуктивните трошоци, преку не користење на службените возила на Општината и на јавните претпријатија.На тој начин возилата ќе ги ставиме во служба на Општина Штип, за да бидат сервис на граѓаните, со ова ги кратиме непродуктивните трошоци, но и ја подобруваме функционалноста на Општината, кажа новиот градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

Прашан дали тоа значи дека некој ги злоупотребувал службените возила, Јорданов со одговор дека дополнително ќе се утврдува како се користени службените возила од страна на локалните функционери, но она, како што вели тој, е дека денеска информира како новите локални функционери ќе работат.

Инаку, службените возила ќе се користат од страна на службите на Општината, на кои им се потребни за да излезат на терен.

Слични содржини