Јорданов: Жалам што 20 години не сме собрале сили да спроведеме попис

од Vladimir Zorba
338 прегледи

„ВМРО-ДПМНЕ не бара да не се потпише Законот за попис. Никој не е против тоа да има попис во државата и жалам што 20 години не сме собрале сили да спроведеме една ваква операција. Нема консензус за одржување на пописот, клучно е сите политички чинители да се вклучени во процесот. Се предлага попис по скратена постапка. Тоа што не можело да се реши 20 години, сега ќе се реши за три дена. Амандманите кои ги доставивме ние во Собранието не беа во насока на опстуирање, беа со намера да се помогне“, вели Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ за емисијата „Стадион“.

Тој додава дека сомнително е тоа што Законот за попис се предлага еден до два месеци пред почетокот на операцијата и вели дека до пратениците не била приложена методологијата на спроведување на пописот, а со самото тоа народните избраници не знаеле за што и какво законско решение треба да изгласаат.

Дополнително тие препорачуваат одложување на пописот со оглед на околностите.

– Многу поразвиени држави од нас го одложија пописот. Нема вакцинација, додека пак Македонија теренски ќе го спроведува попишувањето, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини