Јовановиќ: Ме нападнаа навивачи, ме провоцираат секој ден

од Nikola Popovski

Лидерот на Либерално-демократската партија (ЛДП), српскиот политичар Чедомир Јовановиќ, вечерва изјавил дека навивачи го нападнале и физички и вербално и дека го провоцираат секој ден.

„Тие застанаа пред нас и почнаа да ме нарекуваат Шиптар, пееле за Земунскиот клан, ја навредуваа мојата Јелена. Ми рекоа дека некои се приведени и дале изјави во полиција. Јас се бранев… Да некој ви прави барем еден промил од тоа што ми прават мене секој ден … Тука се наместиле, чекаат и провоцираат секој ден“, речкол Јовановиќ во интервју за телевизијата „N1“.

Тој изјави дека побарал да се спроведе истрага и да се направи тест за дрога и алкохол, наведувајќи дека испил чаша пијалок што му го донеле соседите додека седел пред гаражата.

Како што додаде, тој не е во конфликт со навивачите, а навел и дека полицијата знае кој се собира во близина на неговиот стан и дека „не е од вчера“.

Белградските медиуми во средата навечер објавија дека Јовановиќ го искршил излогот на една сендвичарница по расправија со вработените.

Порталот „Nova.rs“ вчера објави дека очевидци исто така изјавиле дека Јовановиќ најпрво удрил во приватен автомобил, а потоа удрил и по хаубата на едно полициско возило.

Слични содржини