Јовановиќ: Мора да имаме брзи избори, зошто да се организираат во јули или август кога температурите ќе бидат големи

од Nikola Popovski

Аналитичарот и колумнист, Ненад Јовановиќ за отвореното студио на ТВ 24 изјави министерот Филипче со тој негов рејтинг покажал и докажал дека народното здравје во оваа земја функционира, дека луѓето добиваат клучни информации од таму.

За него, брзи избори се многу важни во моментов.

„Нас демократијата ни е суспендирана со техничката Влада и затоа мора да имаме брзи избори. Никој досега не организирал избори во јули или август, кога температурите се големи и луѓето незаинтересирани за гласање. Во време на ваква криза, не може ова да оди до бесконечност. Затоа ќе ја надминеме кризата со суверен собраниски состав и мнозинство од тој состав. Невозможно е да живееме во време на наредби“, смета Јовановиќ.

Слични содржини