Јовановиќ: Пратениците и лидерите на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да дојдат да дебатираме за една изборна единица

од Aleksandar Todeski

Пратеникот Мирослав Јовановиќ од коалицијата на СДСМ истакна дека на 25 декември е закажана седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на која единствена точка е јавната расправа.

„Ги повикуваме сите пратеници да дојдат да дебатираме, посебно пратениците и лидерите на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.  Пратениците бараат да се почне со амандманската расправа во време кога се подготвуваат амандманите кои се уште се процесуираат. Не се согласуваме со предлогот на ДУИ пратеничките места да се распределат според пописот во 2002 година, односно 77 Македонци, 30 Албанци, 5 Туци, тројца Роми и по еден Влав, Бошњак и друго. Пописот, велат не смее да се врзува со пратенички места бидејќи тоа го нема во ниедна држава“, рече Јовановиќ.

Одговарајќи на новинарско прашање, пратеничката на ДОМ, Лилјана Поповска, рече дека јавната расправа на 25 декември за измените на Изборниот законик за една изборна единица е шанса за ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да дојдат на дебата, да ги соочат аргументите и да покажат политичка волја за поддршка на законите.

„Свесни сме дека се работи за блокада и не го очекувавме ова. Непријатно сме изненадени за ваквата блокада која не е на наша штета туку на штета на граѓаните. Ние сме ветиле на граѓаните и стоиме на ставот дека измените на изборниот законик треба да бидат донесени. Затоа додека се преведуваат амандманите еве можност колегите од двете поголеми политички партии да дојдат на дебата и аргументирано да ги надминеме недоразбирањата. Ова не е обврска политичка, туку кон граѓаните“, рече Поповска.

 

Слични содржини